![308043886_399309005722403_6377294081182222638_n-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/308043886_399309005722403_6377294081182222638_n-1-1.jpg?resize=547%2C559&ssl=1)
РЦУК Тетово, известува дека од последниот контакт со ПС Групчин во 17:40 часот добиена е информација дека се уште не е пронајдено лицето возач и евентуални сопатници од автомобилот што излета во реката Вардар кај с.Желино.
Од 16:45 часот освен специјализирана екипа од МВР, 6 припадници на ТППЕ Тетово и 6 вработени во Општина Желино во претрагата се вклучени и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес.
Потрагата е во тек, информираат од Центарот за управување со кризи.