14.8 C
Skopje
недела, октомври 13, 2024

Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи „Јавна соба“

Маката е што неспособната власт од целата земја направи „Јавна соба“ .

Следејќи ги настаните може да се заклучи дека Зоран Заев и неговиот тим ја направија државата „Јавна соба“. Дали со сомнежот кој го направија со случајот “Монструм” не се почувствувавме дека не не втурнале во некоја „Јавна соба“?! Прашањето е – Што е, ако не „Јавна соба“ случајот со директорот на болницата во Струга?! А справувањето со КОВИД кризата, вакцинацијата?! Зошто не би било „Јавна соба“ и влегувањето во ЕУ, ние бевме во „Јавна соба“ сите како држава излажани од власта. Сега може да кажеме дека и легализацијата на марихуаната е „Јавна соба“.

Но Ден Дончев излезе од јавната соба го нема никаде исчезна заедно со парите кои го видовме сите како ги зеде. А рекет?! Катица не беше во „Јавна соба“ таа беше реалити шоу заедно со премиерот, министрите, замениците но се заборави и тоа, со се пари се заборави! Корупциските скандали секојднево што се случуваат се минути во јавната соба.

Што се случи со Фондот за иновации, дали за тоа некој слушнал дека има некаква истрага?! Сега се прашува секој, кој е администратор на јавнава соба што ја направи СДСМ?! Јас сум сигурен дека тоа е министерот против корупција, тој ја води, тој ги внесува и вади членовите од јавната соба Македонија.

Сега Транспаренси прави извештај со кој ни потврди дека вие навистина сте „Јавна соба“. Зошто има многу, зошто стигнавме до оваа ситуација, процут на криминал, корупција, отворено судство како пупка, заспана партизирана полиција, неспособни за постапување институции, застој на сите ниво на власта. Распад. Досега невиден институционален и раководен од првите луѓе на владата.

Но треба да се охрабриме, силно да се кренеме, да надминеме се, излез има! Излезот за подобар живот и враќање на вистинските вредности, ќе ги вратиме заедно за многу брзо!

Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.