2.8 C
Skopje
понеделник, ноември 25, 2024

Сајкоски: Па укинете ги и телевизиските канали што ја прераскажуваат светската историја

Фејсбук објава на Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ:

Предлог до власта и Пендароски!

Кога веќе започнавте со сериозните реформи и решивте дека треба да ја укинете историја, географија кога решивте дека тоа е основното што смета на образовниот процес и треба да го подобрите. Предлагам да ги укинете и телевизиските канали што ја прераскажуваат светската историја предлагам и каналот за географија да биде укинат.

Но најзначаен предлог до власта ако не се сетиле до сега е да земат сите артефакти од музеите депоата да ги стави на некој од многуте археолошки локалитети нека е во близина на Битола, бидејќи тука работат фирмите на Заеви, нека земе некоја поголема машина која работи во близина од една или повеќе од фирмите на Заев и нека ги уништи сите докази дека постоела цивилизација на овие простори. Нека земе книгите од универзитетска библиотека од архивот нека ги запали, нека ги стави најдобро нив на плоштад.

Што е следно музиката македонската, нека ја забранат нека ја нема и неа, тогаш ќе бидеме реформирани комплетно. Знам дека имаме мудра влада не траба препораки тие смислиле се! Тогаш владата може да ги искористи своите капацитети да почне да уништува се што е наше наследство бидејќи пошта е при крај, железници, термоелектрани, шумите нека ги сечи уште повеќе и повеќе без план и со силна подршка од власта, езерата нека ги исцеди до последна капка нема се што е во сопственост на државата нека уништи се. Салите спортски нека ги пренамени во производствени капацитети за марихуана а стадионите нека ги изора.

Кога зборуваме за моделите и кој модел го користела оваа власт можам да кажам господа вие сте прототип нема никаде во светот ваква влада и претседател. Влада која носи срам за својот народ. Но мислат ќе им остане само буџетот што го собираат од граѓаните но тоа е за кратко бидејќи и тој ќе го нема за следната година оти нема од каде да се собираат пари ништо не ви работи само криминалот ама тој не ви е оданочен. Затоа господа од власта пакувајте се полека затоа што за брзо ќе си одите.