14.8 C
Skopje
недела, октомври 13, 2024

Сајкоски: Поделбите ќе завршат, СДСМ ќе биде поразена

Од денес започнуваат теренските активности на новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски. Ќе организира состаноци, ќе оди од врата на врата а прва задача ќе му биде да се сретне со незадоволните членови, да ги дознае причините за нивниот револт, а истовремено и да се обиде да ги разубеди дека само преку партиско сплотување може да се порази актуелната власт. Во изјава за Телма , Сајкоски е оптимист дека ќе успее да го обедини членството.

Сајкоски не е непознат за членството. Потекнува од Кичево, извршувал повеќе партиски функции, бил заменик министер за локална самоуправа. Познат е на сегашните, но и на поранешните функционери. Дури и од Иницијативниот одбор за промени сметаат дека тој е добар теренец а расколот во партијата го лоцираат кај Мицкоски.

Но Иницијативниот одбор не отстапува од свикување вонреден конгрес. Ги мобилизираат делегатите а очекувањата се дека тој ќе се одржи по вонредните локални избори во Штип и Пласница.