Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ започнува активности на терен под слоганот „Промените се случуваат секогаш со народот“ – СДСМ мора да си замине, за Македонија да тргне напред

Денеска ВМРО-ДПМНЕ започнува широки активности на терен под слоганот „Промените се случуваат секогаш со народот“. Ние како ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога е најтешко сме биле со народот, така остануваме и сега, истакна во понеделникот Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

„Укажуваме на сите дека позитивните промени коишто се случија  во локалната власт мора да случат веднаш и на централно ниво, оваа власт мора да си замине. Мора да си замине за да се запрат криминалот и корупцијата, мора да си замине за да оди нашата држава напред, само со нова власт оваа држава може да оди напред. Надеж да дадеме на сите граѓани во Македонија дека може подобро и знаеме како„, рече Сајкоски.

Потсети дека во понеделникот се одржуваше штрајк во образованието, просветните работници штрајкуваат и дека ВМРО-ДПМНЕ ги подржува нивните барања, за кои оцени дека соодвејствуваат со актуелната ситуација кога инфлацијата се зголемува секојдневно.

„Се зголемуваат цените на сите продукти и производи, енергенсите поскапуваат а маслото за јадење е 100 проценти поскапо денеска. Ние укажуваме дека заедно сите  можеме да ја подобриме нашата држава и затоа ги повикуваме сите граѓани заедно да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. На таков начин може да се спречат и лошите штетни договори со Бугарија и да и дадеме шанса на нашата држава да оди напред“, рече Сајковски..