Сајмон Харис во вторникот стана најмладиот премиер на Ирска во историјата, наследувајќи го сопартиецот Лео Варадкар и има помалку од една година да ги засили напорите на коалициската влада да ја спречи првата изборна победа на левичарскиот Шин Феин.
Сајмон Харис, 37-годишниот поранешен министер за здравство и високо образование, најпознат по помагањето и водење на земјата за време на пандемијата на ковид-19, беше избран без противкандидат нов лидер на Фине Гаел минатиот месец, само неколку дена по шокантното заминување на Варадкар. Тоа практично му осигури дека тој ќе стане 16-от човек што ќе ја води земјата со 5,3 милиони жители, а беше потврден во парламентот откако ја обезбеди поддршката од некои независни пратеници, како и од неговите коалициски партнери Фиана Фаил и Зеланта партија.
Харис ќе се соочи со истите тешки проблеми, особено со сериозен недостиг од станбен простор по пристапни цени за населнието и вознемиреноста поради рекордниот број баратели на азил, кои доведоа до стагнирање на рејтингот на Фине Гаел под водството на Варадкар, а наследува и коалициски договор што остава малку простор за големи нови политички иницијативи.
Пдоцона во вторникот треба да ја најави реконструкцијата на неговиот тим Фиен Гаел – кој сочинува седум од 18-те владини места. Ова нема да го вклучи портфолиото за финансии и надворешни работи, кои ги имаат Мајкл Мекграт и Макеал Мартин од Фиана Фаил
Харис, кој го напуштил универзитетот на 20 години за да работи како политички соработник, беше избран во парламентот на 24 годипни и назначен во владата пред да наполни 30 години, го искористи говорот на годишната конференција на Фине Гаел во саботата за да го објасни својот фокус на законот и редот. помагање на малите бизниси и повторно поврзување со гласачите во руралните области. Исто така, вети дека ќе ја реши станбената криза „еднаш засекогаш“ – нешто што го ветија и неговите претходници – со предлагање продолжување на поддршката за градежниците и оние коишто ја купуваат првата недвижнина, признавајќи дека до резултатите ќе минат години.
Податоците објавени во понеделникот покажаа дека бараните цени за куќите во Ирска се зголемиле за 6,5 отсто на годишно ниво во првиот квартал, што е најбрзата стапка на раст од 2022 година.
Анкетата во неделата покажа дека гласачите сè уште се најмногу загрижени за домувањето. Истата анкета го потврди неодамнешниот тренд на опаѓање на поддршката за Шин Феин од неговиот врв пред 12-18 месеци, иако независните кандидати, наместо владините партии, повторно беа главните добитници. Шин Феин има 25, Фине Гаел 21 а Фиана Фаил 16 отсто поддршка.