Шпанскот автомобилист во класата Формула 1, Карлос Сајнц од тимот на Ферари беше набрз во саботата на последниот слободен тренинг за Големата награда на Сингапур пред возачот на Мерцедес, Британиецот Џорџ Расел и на Мекларен, Британециот Ландо Норис.
Сајнц, исто така, постави најбрзо време на тренингот во петоот, но Шпанецот во сабората беше уште побрз со време 1:32.065. Така петти пат беше најбрз во последните осум сесии во Формула 1.
Водечкиот во генералниот пласман и актуелен шампион Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул беше четврти, што значи дека четири различно конструктори се најдоа меѓу четворицата првопласирани.
Клупскиот колега на Сајнц, Шарл Леклер од Монако, беше петтопласиран, пред возачот на Мерцедес, Британиецот Луис Хамилтон.
Квалификациите на распоредот се подоцна денаска во 21 часот по локално време, односно во 15 по средноевропско, а трката ќе се вози в недела во 14 часот по средноевропско време.