Силна бура зафати голем дел од САД, донесувајќи снегови и екстремен студ во североисточниот дел на земјата. Од вчера поради бурата сообраќајот е отежнат и предизвикал откажување на 1.650 авионски летови и оставил десетици илјади домаќинства без струја, пренесуваат локалните медиуми.
Во текот на викендот бурата зафати делови од северен Тексас, движејќи се накај исток. Ниските температури биле регистрирани од Ајдахо до Минесота, каде многу патишта се’ уште се покриени со дебел слој мраз.
Најтешки се условите за жителите во Северен Тексас. Во Далас над 22 илјади домаќинтва се’ уште се без електрична енергија.