САД ја извршија првата федерална егзекуција на жена по 70 години

САД ја извршија првата федерална егзекуција на жена по речиси седум децении, соопшти американското Министерство за правда.

– Педесет и две годишната Лиза Монтгомери беше егзекутирана во американскиот затвор „Тере Хаут“ согласно казната која беше едногласно предложена од федералното обвинителство и изречена од Окружниот суд на САД за Западниот округ Мисури во 2007 година – се наведува во соопштението.

Врховниот суд на САД денеска одобри дека претходно одложената смртна казна за првата жена по 70 години, може да биде извршена. Судот во американската држава Индијана го одложи федералното извршување на смртната казна на осудената Лиза Монтгомери поради проблеми со психичкото здравје.

Лиза Монтгомери беше прогласена за виновна поради извршување брутално убиство на бремена жена во 2004 година. Претходно беше планирано казната да се изврши на 8 декември 2020 година во Индијана со смртоносна инјекција.