САД ја одобрија евентуалнате продажба на борбени авиони и друга воена опрема на Израел

Соединетите држави одобрија продажба на оружје во вредност од 20 милијарди долари на Израел, вклучувајќи голем број борбени авиони и напредни ракети „воздух-воздух“, објави во вторникот Стејт департментот.

Конгресот беше известен за претстојната продажба, која вклучува повеќе од 50 борбени авиони „F-15“, напредни проектили „воздух-воздух“ со среден дострел или AMRAAM, тенковска муниција од 120 мм и минофрлачи, како и тактички борбени возила. Одлуката доаѓа во време на згоелмена загриженост дека Израел може да се вклучи во поширока блискоисточна војна.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторникот ја одобри можната продажба на борбени авиони и друга воена опрема на Израел во вредност од повеќе од 20 милијарди долари, потврди Пентагон. Пентагон во соопштението наведе дека Блинкен одобрил можна продажба на борбени авиони „F-15“ во вредност од речиси 19 милијарди долари. Блинкен ја одобри и можната продажба на тенковска муниција во вредност од околу 774 милиони долари и оклопни борбени возила во вредност од 583 милиони долари, додаде Пентагон.

Сепак, оружјето не се очекува наскоро да му биде испорачкани на Израел, тоа се договори за кои ќе бидат потребни години за да се исполнат. Голем дел од она што се продава е да му помогне на Израел да ја зголеми својата воена способност на долг рок.

„САД се посветени на безбедноста на Израел и од витално значење за националните интереси на САД е да му помогнат на Израел да развие и одржи силна и подготвена способност за самоодбрана. Оваа предложена продажба е во согласност со тие цели“, се вели во соопштението на Стејт департментот за продажбата.

Администрацијата на Бајден мораше да ја балансира својата континуирана поддршка за Израел со зголемен број повици од законодавците и американската јавност да ја ограничи воената поддршка таму поради големиот број цивилни жртви во Газа. Таа ја ограничи испораката на оружје од 2.000 фунти поради континуираните воздушни напади на Израел во густо населените цивилни области во Газа.

Договорите ќе опфаќаат не само продажба на нови 50 авиони што ќе ги произведува „Boeing“. Исто така, ќе вклучи комплети за надградба за Израел да ја измени својата постоечка флотила од дваесетина борбени авиони „F-15“ со нови мотори и радарски системи, меѓу другите надградби. Авионите го сочинуваат најголемиот дел од продажбата од 20 милијарди долари, а првите испораки се очекуваат во 2029 година.