Американската агенција за храна и лекови (FDA) ја одобри итната употреба на вакцината на „Pfizer/BioNTech“ против коронавирусот за деца на возраст од 12 години, со што САД, каде се бележи значителен пад на стапката на вакцинираност, ја прошируваат програмата за имунизација.
Од FDA известија дека со одлуката за симнување на возрасната граница се вклучуваат милиони деца на возраст од 12 до 15 години.
Вакцината Pfizer/BioNTech“ е првата вакцина против Covid-19 која во САД е одобрена да итно користење за оваа возрасна група, што се смета за важен чекор кон безбедното враќање на децата во училиштата. Американскиот претседател Џо Бајен побара од сојузните држави веднаш да го овозможат вакцинирањето за помладите адолесценти.
„Денешната одлика дозволува заштита на младите популации од заразата со коронавирусот, што нѐ приближува на враќањето во нормалноста и крајот на пандемијата“, изјави вршителката на должноста претседателка на FDA, Џенет Вудкок.
„Родителите може да бидат уверени дека агенцијата спровее ригорозна и детална проверка на сите достапни податоци, како што сторивме во случаите на другите ообрувања за итна употреба на вакцините против Covid-19“, порача Вудкок.
Повеќето деца коишто се заразуваат со коронавирусот развиваат благи симптоми или воопшто ги немаат. Меѓутоа, децата не се потполно надвор од ризикот тешко да заболат од заразата и може да ја шират.
До неделата во САД речиси 46 отсто од населението е вакцинирано барем со една доза од вакцините против коронавирусот. Меѓутоа, темпото на вакцинирање забави откако кон средината на април беше забележан најголемиот брод од повеќе од 3,3 милиони дози искористени во една седмица, а таа бројка на почетокот од мај се намали на 2,1 милиони дози.
Досега во САД за итна употреба се одобрени вакцинирањата за лица повозрасни од 16 години, а произведувачите започнаа процес со кој бараат целосно одобрување за употребата за овие возрасни групи.