САД ја отфрлија одлуката на МКС за апсење на Нетанјаху и Галант

САД ја отфрлија пресудата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, и Јоав Галант, поранешен министер за одбрана на земјата, тврдејќи дека судот ја нема потребната јурисдикција.

МКС вчера издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во војната на Израел против милитантите на Хамас во Газа.

Во соопштението на својата веб-страница, МКС рече тие се товарат за воено злосторство гладување како метод на војување, заедно со злосторства против човештвото, кои вклучуваат убиства, прогон и други нехумани дејствија.

Израел не е членка на МКС. Судот не суди поединци во отсуство, така што Нетанјаху и Галант не се соочуваат со непосреден ризик од кривично гонење. Но, заканата од апсење би можела да создаде проблеми доколку било кој од нив патува во странство.

Нетанјаху го осуди налогот за апсење на МКС. Во соопштението од неговата канцеларија се вели дека тоа е „антисемитска одлука“ и Израел „со гадење ги отфрла апсурдните и лажни акции“.

Во Вашингтон, портпаролот на Советот за национална безбедност рече дека САД „фундаментално ја отфрлаат“ одлуката на судот за издавање налози за апсење на високи израелски функционери и разговараат за следните чекори.

„Остануваме длабоко загрижени поради брзањето на обвинителот да бара налози за апсење и вознемирувачките грешки во процесот што доведоа до оваа одлука“, рече портпаролот во изјавата.

Теоретски, потерницата на МКС значи дека Нетанјаху и Галант би можеле да бидат уапсени доколку патуваат во некоја од повеќе од 120 земји кои се страни во судот. Но, неколку влади во Европа веќе сигнализираа дека можеби нема да го уапсат израелскиот лидер доколку стапне на нивна почва. И рускиот претседател Владимир Путин кога во септември ја посети Монголија, странка на МКС, тој не беше уапсен и покрај тоа што беше предмет на потерница на МКС поради принудното префрлање на украинските деца во Русија.

Ова се европските земји кои ветија дека ќе му стават лисици на Нетанјаху – и оние каде што тој сè уште може да биде добредојден: Ќе го апсат Холандија, Ирска,, Белгија, Шпанија, Австрија, Обединетото Кралство и Словенија, нема да ја почиутуваат одлуката на Судот САД и Унгарија , а нејасно е се уште како ѓе постапат Франција, Германија, Италија и Чешка. Виктор Орбан дури најави дека ќе го покани во посета израелскиот премиер за да покаже дека се спротивставува на одлуката на Хаг.