САД ја поддржаа БиХ како унитарна земја со два ентитета и три конститутивни народа

Канцеларијата за Европа и Евроазија при американскиот Стејт департмент ги поддржа потезите на високиот меѓународниот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмид за зачувување на Дејтонската структура на земјата како држава со два ентитета и три конститутивни народа откако ја донесе одлуката за којашто тврди дека има цел ја зачува функционалноста на државата и институциите.

„САД се посветени на зачувувањето на суверенитетот на БиХ, територијалниот интегритет и повеќенационалниот карактер. Ги поддржуваме напорите на Високиот меѓународен претставник за да се одбраната темелните елементи на Дејтонскиот мировен договор – една држава, два ентитета и три конститутивни народа и на другите граѓани“, објавено е не Twitter профилот на Канцеларијата за Европа и Евроазија при американскиот Стејт департмент.

Покрај тоа, ставена е спојка до соопштението на Советот за спроведување на мирот (PIC) во БиХ во коешто не се споменуваат конститутивните народи како темел на Дејтонскиот мировен договор.

Во повикот да престанат едностраните акции кои може да ја поткопаат стабилноста и уставната структура се наведува дека БиХ е „една држава којашто се состои од два ентитета“.

Во споменатиот документ политичката криза во земјата е оценета како без преседан по потпишувањето на договорот од Дејтон во 1995 година со кој беше запрена војната во БиХ.

„Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот констатираше политичка криза без преседан којашто се заканува на стабилноста и просперитетот на БиХ и на балканскиот регион, и ги повика босанскохерцеговските челници и институции на сите нивоа на власта да ја потврдат својата определеноста за суверена и функционална БиХ“, се наведува во заклучоците на PIC.

Повикуваат на престанување на блокадите на институциите, и ги поддржуваат потезите на Шмид кој оваа седмица на наметна одлуката за финансирање на изборите.