САД ја потврдија смртта на новинарот Лирa во затвор во Украина

Американскиот Стејт департмент ја потврди веродостојноста на информациите за смртта во притвор во Укриана на новинарот и блогер 55-годишниот Гонзало Лира, кој поседувал американско и чилеанско државјанство.

„Можеме да ја потврдиме смртта на американски државјанин во Украина. Изразуваме најискрено сочувство до семејството за претрпената загуба“, одговориле од Стејт департментот на во петокот на барање да ги коментираат информациите за смртта на новинарот Лира во затворскиот притвор,

„Подготвени сме да ја обезбедиме сета соодвета конзуларна помош. Од почит кон семејството (на починатиот), нема да коментираме повеќе во овој тежок момент“, додаваат во писмената изјава од американската дипломатија без да дадат повеќе поединости.

Веста дека новинарот Лира, кој беше уапсен од украинското разузнавање Службата за безбедност на Украина (СБУ), починал во затоврскиот притвор, претходно во петокот ја објави влијателниот американски телевизиски новинар Такер Карлсон, кој се повика на информации добиени од таткото на Лира. Според Карлсон, американската администраицја, и покрај американското државјанство на Лира, „јасно го поддржало“ неговото затворање и тортурата на која бил подложен во текот на притворот.

Претприемачот Илон Маск уште минатиот месец јавно апелираше до украинскиот претседател Володомир Зеленски со барање да ја објасни причината за апсењето и одредувањето притвор за новинарот Гонзало Лира. Маск тогаш апелот го објави како одговор на објавата на Карлсон на мрежата Х, кој ја алармираше јавноста дека новинарот бил „мачен во украинскиот затвор затоа што го критикувал Володомир Зеленски“.

Гонзало Лира беше уапсен од страна на СБУ во мај 2023 година во градот Харков, под обвинение дека наводно ја поддржувал руската инвазија. Тогаш СБУ објави дека новинарот бил уапсен со можност да плати кауција и да се брани од слобода, но дека потоа Лира наводно го прекршил законот и наводно се обидел да избега од Украина со својот мотоцикл преку граничен премин кон Унгарија.

Според последните информации од Украина во врска со случајот на Лира, тој се наоѓал во истражниот затвор во Харков каде го очекувал почетокот на судењето кое, како тогаш беше најавено, било закажано во две рочишта на 12-ти и 21-ви декември.