САД ја поздравуваат деескалцијата на реториката меѓу Софија и Скопје

САД ги поздравуваат напорите на лидерите на Бугарија и на Северна Македонија за деескалција на реториката и за тоа што охрабрија достојно чествување во Скопје на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се вели во изјавата на Стејт департментот дадена во понеделникот на барање на МИА.

На прашање од МИА дали САД сметаат дека бугарската реакција околу нападот во Охрид врз едно лице, како и декларацијата изгласана во Националното собрание на Бугарија, е „преувеличување до невидени размери“ од страна на официјална Софија, опфицијален ашингтон одговорил дека Софија и Скопје „веќе работат на деескалација на ретороиката“ и го поздравиле „мирното чествување“ на роденденот на Гоце Делчев.

„Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на Северна Македонија“, се наведува во одоговорт на Стејт департментот.