САД ја санкционраа руската телевизија RT поради „мешање“ во претседателските избори

Соединетите држави во средата ја санкционираа Маргарите Симонјан, главнaта уредничка на руската државна телевизиска мрежа RT и девет други за, како што е наедено, „обиди за мешање“ во американските претседателски избори.

Американското Министерство за финансии соопшти дека главната уредничка на RT, Маргарита Симоновна Симонјан, и девет други луѓе кои ја сочинувале мрежата тајно регрутирале влијателни на социјалните мрежи за да влијаат на американското јавно мислење и да шират проруски пораки.

„Денешните санкции се во прилог на дејствијата за спроведување на законот преземени од Министерството за правда, како и ознаката на Стејт департментот на медиумската групација Россия сегодня и пет нејзини подружници – РИА Новости,ТВ-Новости, RT, ТВ-Новости, Ruptly и Sputnik“, се вели во документот.

Дополнително, Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) воведе ограничувања за десет поединци и две организации како одговор на „злонамерните напори на Москва да влијае на изборите“.

Федералното биро за истраги (FBI) одделно побара судска дозвола за затворање на 32 интернет домени за кои американската влада тврдидека дека се вклучени во напорите за „злонамерно странско влијание“, вклучително и обиди да се поткопа јавната поддршка за американската помош за Украина во нејзината војна со Русија. Притоа не се изнесени никакви докази.

Веста доаѓа непосредно пред планираниот говор на државниот обвинител, воедно и министер, Мерик Гарланд на состанокот на работната група за изборни закани на американското Министерство за правда.

„Ќе бидеме немилосрдно агресивни во спротивставувањето и попречувањето на обидите на Русија и Иран, како и на Кина или кој и да е друг странски злонамерен актер, да се меша во нашите избори и да ја поткопа нашата демократија“, рече Гарланд пред состанокот за заканите за изборите во САД.

Руската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањата за коментар. Москва постојано повторува дека не се мешала во американските избори.

Министерството за правда претходно предупреди дека Русија останува закана за претседателските избори. Американските власти рекоа дека Русија не ги променила своите преференции од претходните претседателски избори во САД, што покажува дека Москва нааводно го фаворизира Доналд Трамп.

Притоа, воопшто не се споменуваат повеќето изјави на рускиот п ретседател Владимир Путин и другите руски високопозиционирани функционери дека за Москва е сеедно кој ќе победи на американските претседателски избори на 5 ноември, како и дека демократската кандидатка Камала Харис е попредвидлива во односите на Вашингтон кон Москва.

Проценките на американските разузнавачки служби покажаа дека Москва анводно се обидела да му помогне на Трамп во 2016 година кога ја победи демократката Хилари Клинтон и во 2020 година кога загуби од демократот Џо Бајден. Москва ги отфрли тие обвинувања. Докази за тоа никогаш не беа претставени, напротив беше докажано дека тимот на Клинтон во 2016 година ангажирал поранешен британски разузнавач да фабрикува шпекулации за наводен дослух на Трамп со Москва.

Лиза Монако, друг претставник на Министерството за правда, минатиот месец рече дека рускиот претседател Владимир Путин и неговите блиски соработници наводно „усвоиле сè пософистицирани техники, насочени кон одредени групи гласачи и оние во високо поларизирани држави“. И за ова тврдење не се понудени докази.

Во јули, Министерството за правда соопшти дека ја затворило руската кампања на социјалните мрежи поврзана со RT која „тајно шири про-Кремљ пораки“.

Американската влада, исто така, го обвини Иран дека се обидува да влијае на претстојните избори преку сајбер операции против двете кампањи.

Разузнавачките агенции процениле дека Кина не планира да интервенира во претседателската трка за да фаворизира еден кандидат.

Портпаролот на Белата куќа изјави дека Путин знаел за руското мешање во американските избори. „Тој знаеше за активностите на RT“, изјави Џон Кирбии тој без да понуди доказ како поткрепа за тоа тврдење.