![https___specials-images.forbesimg.com_imageserve_1138972062_0x0](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/https___specials-images.forbesimg.com_imageserve_1138972062_0x0.jpg?resize=696%2C498&ssl=1)
Кинеската технолошка компанија „Xiaomi“ соопшти во средата дека американскиот суд ја отстранил нејзината ознака за Комунистичка кинеска воена компанија (CCMC) и ги укинал сите ограничувања коишто на Американците им оневозможуваа купување или поседување на нејзините акции.
Овој кинески производител на потрошувачка електроника соопшти дека американскиот суд во округот Колумбија во вторникот донел правосилна одлука со којашто се укинува ознаката CCMC која своевремено му ја додели американското министерство за одбрана.
„Xiaomi повторува дека е отворена, транспарентна компанија која јавно тргува и која независно работи и со којашто независно се управува“, изјави претседателот на компанијата, Леи Џун.
Судскиот поднесок навести на почетокот од мај дека американското министерство ќе го острани „Xiaomi“ од американската црна листа, што претставува корекција на една од последните одлуки на поранешниот претседател Доналд Трамп пред неговото заминување од Белата куќа.
Од „Xiaomi“ во јануари минатата 2020 година подигнаа тужни приотив министерствата за одбрана и за финанси на САД, со којашто се бараше поништување на одлуката на американската валда за воведување на листата на комунитички и воени компании.
На почетокот од минатата година американското министерство за одбрана ја прошири листата на кинески компании кои делуваат во САД, а коишто според Вашингтон се поврзани со кинескиот воен сектро. На листата тогаш се најдоа девет компании, меѓу кои и „Xiaomi“, од каде негираат секаква поврзаност со кинеската армија или воена индустрија.
Оваа кинеска компанијата е основана во 2010 година и е еден од најголемите производители на паметни телефони на светот. Кон крајот на декември 2020 година пазарната капитализација на „Xiaomi“ првпат надмина 100 милијарди американски долари.