Соединетите држави испратиле официјално барање до грчката влада за распоредување на борбени авиони од типовите „F-35“ и „F-15“ на медитеранскиот остров Крит, објави во средата ноќта турскиот телевизиски канал Ulusal Kanal.
Според телевизијата, Атина започнала да работи на барањето и подготвува одговор. Доколку барањето на Вашингтон биде одобрено, американските авиони ќе бидат распоредеи во базата „Суда“ на брегот на истоимениот критски залив. Базата содржи неколку објекти на грчката армија, истовремено е и едно од главните упоришта на НАТО во регионот.
Засега не е познато колку авиони и воен персонал ќе пристигна во воздухопловната база „Суда“, во којашто последните години САД направиле големи инфраструктурни инвестиции последните години и колку долго би останале. Неодамна грчкиот весник Kathimerini во врска со овој договор пишуваше дека станува збор за авиони коишто ќе учествуваат ќе учествуваат на маневри во Средоземјето.
Истовремено Вашингтон и Атина разговараат и за зајакнување на одбранбените капацитети во зоната на островтие Родос, Лезбос и Хиос со вооружувања од НАТО или од САД.
Во замена за зајакнување на одбранбените способности, како што беше забележано во прилогот на телевизијата, Грција може да испорача дел од своите постари системи за противвоздушна одбрана од руско производство С-300 и оклопни возила БМП-1 на Украина, како што претходно бараше Вашингтон од Атина.
Грција е загрижена од потенцијалната закани од Турција и растечките тензии во Егејското Море изминатите години, поради сѐ уште нерешените поморски граници меѓу двете земји, како и турските проекти за пронаоѓање гасни наоѓалишта во подморјето на поделениот остров Кипар. Официјална Анкара не гледа благонаклоно на во последно време зајакнатата грчко-американска воена соработка, и оценува дека тоа е на штета на нејзините интереси во регионот.
Некои турски политичари дури предупредуваат на милитаризација на регионот, со потези со коишто Турција се опкружува од западот, особено со акумулирањето на американски воени објекти на стратешки точки околу земјата, особено во Александрополис и Крит.