САД се обидуваат да добијат дозвола од Багдад да го префрлат одбрамбениот систем „Патриот“ во Ирак, поради подобра одбрана на американските сили по иранскиот ракетен напад на 8 јануари, во кој беа повредени 50 американски војници, изјави денеска американскиот министер за одбрана Марк Еспер.
Американските сили го немаат одбрамбениот систем „Патриот“ во воздухопловната база Ал-Асад во Ирак, која ја погодија најмалку 11 ирански ракети.
Западните медиуми објавија дека било очекувано Техеран да им се одмазди на САД поради убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, но се претпоставувало дека веројатно ќе бидат нападнати американски позиции во некоја друга земја каде Техеран има повлијателни сојузници, а не во Ирак.