САД бараат Индија да ги истовари танкерите со руска нафта до 27-ми февруари

Соединетите држави ѝ порачаа на Индија дека танкерите со руска нафта мора да бидат истоварени до 27-ми февруари во врска со најновите санкции наметнати на рускиот сектор за нафта и гас, изјави за на новинарите инискиот заменик министерот за нафта и природен Панкај Џаин.

„Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на американското Министерство за финансии даде голем број појаснувања. Тие прецизираа дека 27 февруари е крајниот рок“, го цитираше Reuters заменик министерот.

Џаин, исто така, истакнал дека рокот за завршување на финансиските трансакции е 12-ти март.

Џаин го повтори ставот на индиската влада дека ќе продолжи да купува руска нафта доколку се продава по цена под 60 долари за барел утврдени од западните земји по иницијатива на Г7 и ЕУ и без учество на руски компании и бродови кои се предмет на санкции.

На 10-ти јануари САД најавија воведување на голем пакет санкции против рускиот сектор за нафта и гас. Засегнатите компании беа „Газпромњефт’, „Сургутњефтегаз“, „Газпром ЛНГ Портоваја“ и „Криогаз-Висотск“ на компанијата „Новатек“, како и 183 танкери, трговци, фирми за услуги на нафтени полиња, раководители на голем број нафтени компании и претставници на водството на руското Министерство за енергетика.

На 13-ти јануари, извор од индиската влада изјави дека земјата не очекува прекини во снабдувањето со руска нафта во следните два месеца по санкциите на САД против рускиот нафтен сектор. Тој истакна дека во ова време, трговците ќе развијат начини за испорака на нафта користејќи нови механизми.

Според податоците на аналитичката агенција Vortexa, цитирана од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), Русија обезбедила 38 отсто од увозот на нафта од Индија во ноември 2024 година, останувајќи најголем снабдувач на джавата.