САД побараа во вторникот од Турција да прекине со „намерните провокации“ во источните води на Средоземното Море, каде што официјална Анкара испрати брод за истражувања на наошалиште на земен гас, што може да предизвика ескалација на кризата со Грција, исто така, членка на НАТО..
„Бараме од Турција да престане со намерните провокации и веднаш да почне прелиминарни преговори со Грција„, изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Морган Ортагус.
Спорот околу истражувањето на гас во август ги доведе морнариците на Турција и Грција, двете членки на НАТО, на работ на конфликт во областа меѓу Кипар и грчкиот остров Крит.
Турската морнарица соопшти дека нејзиниот брод „Oruc Reis“ до 22-ри октомври ќе продолжи со сеизмичкото истражување на морското дно во спорниот регион.