САД без НБА ѕвездите на кошаркарскиот мундијал

Соединетите држави ќе учествуваат на Светското првенство во кошарка во 2023 година во август без суперѕвездите од НБА лигата, откако во четвртокот го откри својот список со дванаесет играчи, тренерот на Голден Стејт, селекторот Стив Кер.

Оваа американска репрезентација, сепак, ќе има четворица членови на Ол-стар тимот – Тајрис Халибартон од Индијана Пејсерс, Ентони Едвардс од Минесота Тимбервулвс, Брендон Инграм од Њу Орлеанс Пеликанс и Џерен Џексон Јуниор од Мемфис Гризлис.

Дел од тимот е и најдобриот дебитант од минатата сезона, крилото на Орландо Меџикс, Паоло Банчеро.

Другите избраници се Џејлен Брунсон (Њујорк Никс), Остин Ривс (Лос Анџелес Лејкерс), Микал Бриџис (Бруклин Нетс), Џош Харт (Њујорк Никс) и Камерон Џонсон (Бруклин Нетс) и Вокер Кеслер (Јута Џез) и Боби Портис (Милвоки Бакс).

„Убеден сум дека оваа група добро ќе ја претставува нашата земја, со труд, талент и посветеност да победиме заедно“, изјави Стив Кер, кој е уверен дека петкратните светски шампиони повторно ќе „играат за златниот медал“.

Секогаш меѓу фаворитите во секое натпреварување во кое учествуваат, Американците сепак доживеаја кикс на последното Светско првенство во 2019 година, кое го освои Шпанија, а во четвртфиналето беа елиминирани од Франција.

Светското првенство во 2023 година ќе се одржи од 25=ти август до 10-ти септември на Филипините, Индонезија и Јапонија. САД се во групата Ц, заедно со Јордан, Нов Зеланд и Грција.