САД ќе ги „превртат небото и земјата“ за Украина да ја победи Русија, порача Остин

САД решија да ги „превертат неборот и земјата“ за Украина да ја победи Русија, порача во вторникот американскиот министер за одбрана Лојд Остин пред претставниците на четириесеттина земји присутни во Германија во напорите да ги зајакнат украинските вооружени сили.

„Украина очигледно верува дека може да победи и во тоа веруваат и сите тука“, рече Остин на отворањето на состаникот организаран на иницијатива на Вашингтон во американската воздухопловна база Рамштајн, на западот на Германија.

Во Германија претходно објавија дека Берлни одобрил испраќање на повеќе десетици тенкови од моделот „Gepard“ за украинската противвоздушна одбрана, а германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт тоа подоцна треба официјално да го потврди во базата Рамштајн, според Der Spiegel, што претставува голем пресврт во досегашната германска политика да не испорачува оружје во зони на конфликти.

„Имајќи предвид дека Русија сака целосна контрола над југот на Украина и Донбас, можеме да правиме повеќе преку нашата воена индустриска база за да продолжиме да ја помагаме Украина да се брон на уште поефикасен начин. Ќе продолжиме да го превртуваме небото и земјата да им помогнеме“, рече Остин.

Остин во неделата заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата престојуваше во Киев каде што се сретнаа со украинскиот претседател Владимир Зеленски. САД изминатите осум години издвојуваат огромни средства за воена помош на Украина, а сега сакаат да убедат што повеќе земји да ги следат во тоа.

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дријан, во понеделникот по средбата со украинскиот колега Дмитро Кулеба дека Франција ќе ја зголеми поддршката за Украина „во сите области, вклучително и воената“.

Со средбата во Рамштајн се сака да се даде и долгорочна безбедност на Украина, велат од Вашингтон.

„На Украина денес ѝ е потребна нашата помош за да победи и ќе ѝ боде потребна и кога војната ќе заврши“, рече Остин.

Западните земји инсистираат дека овој состанок не се одржува во рамките на НАТО, иако е присутен и претставник на воениот пакт. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, го откажа учеството поради здравствени причини.

Покрај земјите членки на НАТО, меѓу учесниците се и претставници Австралија и Јапонија, како и Финска и Шведска коишто деновиве треба да ја официјализираат амбицијата да се приклучат на Алијансата.