САД ќе и’ помогнат на Украина да добие повеќе тенкови

Вашингтон ќе дејствува како посредник за да помогне во испораката на тенкови од советско производство во Украина, објави во петокот Њујорк Тајмс, цитирајќи неименуван американски функционер.
Киев го моли Западот да му достави потешко оружје од почетокот на руската воена кампања, кон крајот на февруари.

Изворот изјави за весникот дека трансферите ќе започнат наскоро, но одби да прецизира колку тенкови ќе бидат испратени или од кои земји ќе доаѓаат. Украинците генерално се запознаени со хардверот од советската ера, што би значело дека ќе им треба помалку обука за неговата употреба.

Веста доаѓа една недела откако претседателот Володимир Зеленски побара од НАТО „еден процент“ од неговите тенкови и авиони. Западните земји испраќаат противтенковски ракети во Киев, но украинските власти велат дека тоа не е доволно за да се одвратат руските војници.

Во петокот, Германија одобри трансфер на 56 оклопни борбени возила PbV-501 во Украина. Возилата, произведени во поранешна Источна Германија, а дизајнирани во 1960-тите, моментално се во сопственост на чешка компанија.