Соединетите држави ќе ѝ предадат на Украина модифицирани бомби со долг дострел од моделот „Jdam-ER“, објави агенцијата Bloomberg News, ден откако весникот Politico објави дека Киев бил предупреден од шефот на американското разузнавање за можно намалување на воената помош од Вашингтон.
Како што се наведува во информацијата до која дошол Bloomberg од неименувани извори, Пентагон официјално не потврдил дека ќе ги испорача модифицираните бомби, наведувајќи само дека на Киев ќе му испорача „прецизно наведувана авионска муниција“ во рамките на пакетот дополнителна воена помош објавен на 21-ви декември во износ од 1,8 милијарди долар.
Меѓутоа, двајца соговорници на Bloomberg „запознаени со ситуацијата“, рекле дека станува збор за проектилите „Jdam-ER“ со тежини од околу 300 до 900 килограм. Според описот на ова вооружување, откако ќе биде лансирана бомбата ги раширува крилјата, што ѝ овозможува да лета на растојание од 72 километри и тројно го зголемува дострелот од оригиналната муниција на кој ќе биде инсталиран таа модификација.
Весникот Politico, пак, повикувајќи се на два официјални извори кои зборувале под услов да останат анонимни, во вторникот објави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) Вилијам Барнс во јануари го предупредил украинскиот претседател Володомир Зеленски дека може да дојде до намалување, па дури и прекинување на американската помош за украинската војска.
Соговорниците на весникот го потврдиле претходните шпекулации во медиумите дека Барсн му порачал на Зеленски дека мора што поскоро да се преземат активности на боиштето за да се спречат континуираните напредувања на руските трупи и наводната руска пролетна офанзива на којашто предупредуваат западните сојузници на Киев.