![nasams sistem](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/nasams-sistem.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Соединетите држави се подготвуваат да испратат воена помош од 275 милиони долари за Украина за да ѝ помогнат да се брани од беспилотни летала и да ја зајакне нејзината противвоздушна одбрана, се вели во документот во кој увид имала агенциајта Rеuters во четвртокот.
Администрацијаа во Вашингтон за најновиот пакет помош би можеле да објав уште во петок, но деталите за опремата за противдронската и противвоздушна одбрана сè уште не се познати.
Според документот, се очекува Пентагон да ги вклучи проектили за ракетниот офанзивен систем HIMARS кои ги произведува „Lockheed Martin“, муниција од 155 милиметри, воени возила „Humvee“ и генератори.
Портпаролот на Советот за национална безбедност одбил да го коментира пакетот помош. Обемот и вредноста на пакетот помош може да се менуваат додека не биде потпишан од претседателот Џо Бајден.
Овие 275 милиони долари ќе бидат покриени од претседателските овластувања што им дозволуваат на САД да ја префрлат одбранбената опрема од залихите без одобрение од Конгресот во итен случај.
Целта на руските ракетни напади во Украина е делумно да се исцрпат резервите на Украина за воздушна одбрана и да се добие доминација во воздушниот простор над земјата, изјави висок функционер на Пентагон во ноември.
Со цел да одговорат на овие напади, САД испратија во Украина софистицирани противвоздушни системи NASAMS, кои функционираат веќе неколку седмици.