САД ќе обезбедат уште еден систем „Patriot“ за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден планира да ѝ обезбеди на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана „Patriot“ за одбрана од руските воздушни напади, објави во вторникот The News York Times, повикувајќи се на неименувани извори во американската влада.

Бајден ја донел одлуката по серијата состаноци на високо ниво минатата седмица, пишува весникот. Шефот за јавни работи на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, не ја потврдил оваа информација.

Според NYT, системот за кој станува збор се наоѓа во Полска и би можел да биде распореден на линијата на фронтот во Украина за неколку дена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде вториот систем „Patriot“ произведен од САД што Вашингтон му го достави на Киев.

Бајден даде зелено светло за првиот систем пред 18 месеци кога украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во САД првпат по руската инвазија на Украина за да се обрати пред американскиот Конгрес.

САД, исто така, ја снабдуваат Украина со ракети „Patriot“, кој се смета за еден од најнапредните ракетни системи за воздушна одбрана во модерното војување. Може да се користи за борба против непријателски авиони, балистички и крстаречки ракети. Проектилите, како што пишува Reuters, можат да погодат цели на оддалеченост од околу 100 километри на височини до 30 километри.

Германија ѝ даде на Украина два такви системи и вети дека ќе испрати уште еден. Зеленски, кој во вторникот беше во Берлин на конференција за обнова на Украина, ги посети и украинските војници кои моментално се во Германија на обука за користење на „Patriot“, за чиешто функционирање сепак е непходна софистицирана инфраструктура вклучително и сателитско набљудување.

„Patriot“ е најскапото оружје дадено на Украина

Западните медиуми пренесувајќи ја информациите наведува дека „Patriot“, кој го произведува компанијата од наменскиот воен сектор „Raytheon“ е „најсофистицираниот систем за противвоздушна одбрана“ на САД.

Не е познато колку модифицираниот „Patriot“ според своите технички карактеристики и ефикасноста е подобар од најнапредниот американски систем за противоздушна и противракетна одбрана ТHAAD (Therminal High Altitude Area Defense), како што го опишува неговите производител „Lockheed Martin“ и „Raytheon“, проценет на две милијарди долари од кои само еден е надвор од САД разместен е пред повеќе од осум години во Јужна Кореја, а вториот испорачан во 2019-та во Израел

Меѓутоа, според стручњаците од вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии (CSIS), системот „Patriot“ е „најскапиот вооружен систем кој САД ѝ го доставија на Украина“ досега. Имено секоја единица чини околу 1,1 милијарда долари, и тоа 400 милиони се лансерите, командниот модул и радарскиот систем за лоцирање, и околу 700 милиони долари за ракетите за пресретнувачи. Еден проектил од најновата модификација го чини Пентагон 4,1 милиони долари.

Станува збор за армиски мобилни системи за противвоздушна одбрана стапија во вооружувањето на американката војска во 1980-те години. Развиени се за соборување авиони, беспилотни летала, крстосувачки и балистички проектил со краток и среден дострел. Една батерија вклучува пет до осум мобилни единици. На платформата може да се сместат контејнери за лансирање за 4 или 16 проектили, во зависност од модификацијата.

Во моментов системи „Patriot“ во своите вооружување ги имаат или планираат наскоро да ги набават 18 земји во светот, меѓу кои Германија, Израел, Јапонија, Јужна Кореја, Романија…

Овие системи американската војска активно ги користење во текот на операциите во Персискиот залив, односно Заливската војна во 1991-ва и инвазијата на САД и сојузниците врз Ирак во март 2003 година.