Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави во вторникот дека САД го разгледуваат одговорот на Хамас на рамковниот договор за ослободување на заложниците како дел од продолжената пауза во борбите во Газа.
Блинкен на прес-конференција во Катар рече дека ќе разговара за одговорот на Хамас со израелските власти кога ќе ја посети земјата во среда. Тој одби да открие детали за одговорот на Хамас.
Државниот секретар нагласи дека Вашингтон ќе ги искористи сите средства што му се на располагање за да постигне пауза во борбите што ќе се заснова на порано ослободување на повеќе од 100 заложници.
„Има уште многу работа да се заврши, но сепак веруваме дека договор е можен и е навистина неопходен“, додаде Блинкен.
Соединетите држави се решени да го искористат секое затишје во борбите за да изградат дипломатски пат кон „праведен и траен мир“ на Блискиот исток, додаде шефот на американската дипломатија.
Претходно во вторникот Хамас објави соопштение во кое се вели дека го доставил својот одговор до Египет и Катар во врска со предложената рамка за прекин на огнот за Појасот Газа.