САД ефикасно ќе соработуваат со новиот шеф на украинската армија, порача Пентагон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски има право да избере кој ќе ја води украинската војска а Соединетите држави ефикасно ќе соработуваат со неговиот нов воен командант, изјави во четвртокот висока претставничка на Пентагон.

„Претседателот Зеленски е претседател на неговата земја и Украина, за разлика од Русија, има демократска цивилна контрола над војската“, рече Селест Валандер, помошничка секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања во Пентагон.

Зеленски го унапреди генерал-полковник Олександр Сирски од командант на копнените сили кој ќе го замени Валериј Залужни, поранешен врховен командант на вооружените сили.

Валандер го нарече Сирски „искусен, успешен командант“.

„САД го почитуваат и ќе соработуваат со кој и да биде избран од демократски избраната влада, водачот, претседателот Зеленски, да биде негов врховен командант и ќе соработуваме ефикасно со генералот Сирски, веќе соработувавме“, додаде Валандер.