Соединетите држави, Велика Британија и Франција можеби се соучесници во воените злосторство во Јемен преку вооружувањето и споделувањето разузнавачки информаци и пружањето логистичка поддршка за сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија во чии напади смртно страдаат цивили и која ги изгладнува цивилите во рамките на нејзината воена стратегија, објавија во вторникот Обединетите нации.
Истражителите на Обединетите нации составиле таен сипсок од можните осомничени за воени злосторства, врз основа на својот последен извештај за кршењето на човековите права во четиригодишниот судир меѓу коалицијата на сунитските арапски земји и побунетата шиитска заедница Хуту/Хусити која го контролира главниот град Сана.
Истражителите утврдиле веројано воени злосторства на двете страни, и предупредиле на улогата којашто земјите од Западот ја имаат во судирот како клучни сојузници на арапските сунитски држави, како и на шиитски Иран кој ги поддржува Хуситит претседателот Абед Мансур Хади.е.
Извештајот ја обвинува коалицијата предводена од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати дека убива цивили во неселктивни воздушни удари и дека намерно го спречува доставувањето храна за прегладнетото население. Хуситите, според извештајот, исто така гранатираат градови, а се обвинеи и дека ги искористуваат декцата како војници и користат воена тактика на опсада.
Kоалицијата којашто ја води Ријад интервенира во јеменскиот конфликт од март 2015 година, за да го сопре напредувањето на бунтовниците во конфликтот Јемен од 2014 година на племенската заедници Хути (Хусити) и нивното шиитско движење „Ансар Алаа“, поддржани од Иран, и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, од едната страна, и владините сили и милициите лојални на сегашниот претседател Абд Раба Мансур Хади. Владините сили ја имаат копнената и воздушната поддршка на арапската сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија.
На Јемен му се заканува глад од големи размери и половината од популацијата на Јемен, околу 14 милиони луѓе, е погодната според процените на ОН со најголемата хуманитарна криза во светот.
Во извештајот се наведува дека независен тим на ОН ѝ испратил доверлив допис на Високата претставничка на светската организија за човекови права, поранашната чилеанска претседателка Мишел Башале, идентификувајќи „поединци кои би можеле да бидат одговорни за меѓународни кривични дела“. Во додатокот се наведени имиња на повеќе од 160 „главни актери“ меѓу највисоките саудиски, емиратски и јеменски функционери и офицери на шиитската милиција.
„Поединци во јеменската влада и коалицијата, вклучително Саудиска Арабија и Обединетите Арапски емирати, можно е дека изведувале водушни напади кршејќши ги приципите на селективност, пропорционалност и претпазливост, а можеби го користеле и прегладнувањето како воена метода, што би можело да претставува воено злосторство. Легалноста на испраќање оружје од Франција, Обединетото Кралство, САД и други држави, останува проблеманична и е предмет на разни постапки пред домашните судови“, се наведува во извештајот кој го цитира Reuters.
Се истакнува, исто така, дека истражната комисија која ја основала Саудиска Арабија за да ги провери наводите за кршењето на човековите права од страна на коалицијата, не ги утврдила одговорните за нападите врз цивилите, што ја диведува во прашање непристрасноста на истрагата.
Истражителите на ОН наведуваат и дека биле предупредени оти Емиратите и сојузничките сили измачувале, силувале и убивале осомничени политички противници затворени на тајни локации, како и дека Хуситите поставуваа нагазни мини.