САД гаѓаа противбродски проектили на Хутите

Силите на Централната команда на САД во саботата погодиле противбродска ракета на Хутистите, насочена кон Аденскиот залив и подготвена за лансирање, соопшти американската војска, неколку часа откако САД погодија три други противбродски ракети на јеменските бунтовници.

„Американските сили заклучија дека проектилот претставува закана за трговските бродови и за американската морнарица во регионот и во самоодбрана го погодиле и уништиле проектилот“, соопшти Централната команда на САД.

Инцидентот, последен во условите на зголемени тензии во Црвеното Море и Аденскиот залив кои ја нарушија глобалната трговија и ги поттикнаа стравувањата од недостизи во синџирте за снабдување, се случил околу 4 часот по јеменско време, додаде Централната команда.

Претходно во петокот вечерта, силите на Централната команда на САД извршиле напади врз три противбродски проектила на Хутите, за кои рекоа дека го гаѓале јужниот дел на Црвеното Море.

Нападите на Хутите врз бродовите поврзани со Израел во и околу Црвеното Море во изминатите неколку седмици ја забавија трговијата меѓу Азија и Европа и ги размрдаа големите сили во услови на ескалација на војната во Газа. Шиитската заедница Хусити (Хути), чии единици го контролираат поголемиот дел од Јемен, велат дека нивните напади се во знак на солидарност со Палестинците во Газа кои се под израелски напад.

Од минатата седмица, САД ги напаѓаат Хутите во Јемен, а оваа седмици јеменската милиција беше повторно ставена на листата на „терористички“ групи. Претседателот Џо Бајден во четвртокот рече дека воздушните напади ќе продолжат и покрај фактот што можеби нема да ги запрат нападите на Хутите.

Овие напади претставуваат ризик од ширење на конфликтот надвор од Газа. Саботните напади се петтиот американски напад во изминатата седмица против ракетни лансери на Хутите кои биле наводно подготвени да нападнат. Хутите лансираа две противбродски балистички ракети врз американски танкер доцна во четвртокот, кои паднаел во водата во близина на пловилото но не предизвикале повредени или штети, според американската војска.