Првиот воено-транспортен авион со дел од уредите за механичка вентилација на белите дробови, полетал од САД кон Русија, објави во средата вечерта американскиот Совет за национална безбедност, во рамките на соработката меѓу двете суперсили во борбата против пандемијата со коронавирусот, и како дел од големата операција на Вашингтон со која во 60 земји во светот ќе бидат испорачани 15.000 вакви уреди.
„Уредите ќе помогнат да се спасат живтои во најпогодениот руски град – Москва. Америка се моли и им испраќа најдобри желби на Русите во овие тешки времиња“, се наведува во соопштението објавено на Twitter.
Претходно командатата на транспортните едицни на американската армија објави видео на кое е прикажано како се товари опрема во авионот од типот „C-17“, со првите 50 уреди во воената база Чарлстон во сојузната дражава Јужна Каролина. Организацијата на испораката на медицинската помош е на американсата армија, како и на припадниците на агенцијата за меѓународен развој USAID.
Пред две седмици во текот на билатералниот телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин, како што објави Кремљ, ја прифатил понудата од неговиот американски колега Доналд Трамп за испорака на медицинска опрема за Русија, којашто покрај САД е една од најпогодените земји во пандемијата на коронавирусот. Според најавата од високи финкционери од администрацијата во Вашингтон, САД во Русија ќе достават околу 200 уреди за механичка вентилација.
Според американските медиуми, вкупниот трошок на американската помош за Русија, која ги вклучува цените на уредите, на придружните компоненти и транспортот, изнесува околу 4,7 милиони американски долари.
Втората пратка со опремата, како што претходно истакнаа од Белата куќа, ќе биде испратена во Русија на 26-ти мај.
Претходно во средата, американскиот државен секретар Мајк Помпео, на својот профил Twitter објави дека САД ќе испратат повеќе од 15.000 апарати за механичка вентилација неоходна за лекување на најтешките форми на респираторната болест Covid-19, во над 60 земји во светот.
„САД широкоградо на Русите ќе им обезеди 200 уреди за меганичка вентилација од американско производство, кои ќе помогнат во борбата со Covid-19. Се обврзавме да испратиме повеќе од 15 илјади уреди во повеќе од 60 земји и продолжуваме да бидеме светски лидер во борбата со оваа пандемија“, напиша Помпео.
Во неделата Помпео најави дека САД се радосни што можат да ѝ помогнат на Русија во борбата со коронавирисот, откако претседателот Трамп најави дека доколку е неопходно Вашингтон ќе ги испрати овие уреди во Русија.
Претходно во април Рисија испрати серија медицинска опрема во САД како помош на почетокот од американското справување со епидемијата. Тогаш претседателот Трамп изјави дека станува збор за исклучителен гест од страна на Русија.
Според американско рускиот договор, транспортот на руската опрема во САД ја плаќа Рускиот фонд за директни инвестиции, додека трошоците во обратен правец ќе ги покрие американската страна.
The U.S. is providing #COVID19 supplies to people in need worldwide. This humanitarian donation of ventilators is headed for #Moscow and will save lives in #Russia’s hardest hit city. America extends prayers and well wishes to the Russian people suffering at this difficult time. pic.twitter.com/Inc8R3i1AR
— NSC (@WHNSC) May 20, 2020