![Kosovo-elections-2013](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/Kosovo-elections-2013.jpg?resize=670%2C376&ssl=1)
Американската амбасада ги оцени вчерашните избори на Косово за фер и демократски. Амабасадата неведува дека во најголем дел изборите биле кредибилни и во склад на меѓународните стандарди.
САД се надеваат на добра соработка со новоизбраните власти по клучните прашања за Косово по патот на евроатлантските интеграции.
„Ги надгледуваме изборите и остануваме цврсто уверени дека Централната изборна комисија, косовската полиција и државното тужителство ќе го продолжат своето позитивно партнерство и дека сите инциденти ќе бидат внимателно истражени и решени во склад со косовските закони“, се вели во соопштението од амбасадата.