![sad ambasada kiev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/284687.jpg?resize=610%2C385&ssl=1)
Американската амбасада во Киев ги повика американските државјани кои се наоѓаат во моментов во Украина да ја напушта земјата поради безбедносни причини.
„Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани да не патуваат во Украина, а они кои веќе се во земјата веднаш да ја напушта, користејќи ги достапните можноста за копнен транспорт, доколку тоа е безбедно“, се наведува во соопштението објавено на официјалната интернет страница на дипломатската мисија.
На Американците, исто така, се апелира да ги избегнуваат од масовни собири и учества на посетени настани на територијата на Украина.
Амбасадата ја оценува безбедносната ситуација во цела Украина како „крајно нестабилна“ и притоа се додава дека состојбата може „одненадеж драматично да се влоши“.
Набрзо на оваа објава реагираше портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марика Захарова, која на Telegram истакна дека американската амбасада „заборавила да појасни“ дека токму САД ѝ испорачуваат оружје на Украина, „чиешто користење предизвикува продолжување на конфликтот и гинење на луѓе“.
Претходно на брифингот за новинарите во министерството за надворешни работи во Москва, Захарова оцени дека изјавите од Киев за намери да започнат контраофанзива има цел да се убеди Западот да продолжи да ја снабдува Украина со оружје.
„Неодамнешните изјави на украинскиот министер за одбрана за намерата на Киев наскоро да мине во ‘противофанзива во јужен правец’ и на украинскиот секретар на советот за национална безбедност и одбрана за ‘задачите оставени од претседателот Зеленски за ослободување на целата земја’ може да се сметаат како настојување да се убеди Западот во потребата од дополнително снабдување со оружје“ на Киев, рече Захарова.
Истакна дека и покрај сите обиди на западните земји да ја засилат борбената способност на Украина, Русија ќе ја продолжи „специјалната операција“ додека не ги постигне своите цели.
Не е јасно дали објавата на американската дипломатска мисија е поврзана со најавите во Киев дека откако се испорачани првите напредни американски ракетни системи со долг дострел ќе започне противофанзива за враќање на контролата на јужните регион кои уште во март ги заземаа здружените сили на проруските сепаратисти од Луганск и Доњецк и руската војска
Руските сили напредуваат бавно но континуирано, па речиси ја заземаа целата административна територија на индустриската источноукраинска област Донбас, нанесувајќи им тешки загуби на украинските формации. Затоа на Киев му е неопходен брз воен успех на фронтот за да ја поврати се чини загубената самодоверба на своите единици.
Аналитичарите сметаат дека моменталните капацитети на украинските сили не се доволни за целосна ефикасна противофанзива. Но некои од нив оценуваат дека неодамнешната иницијатива на претседателот Владимир Зеленски за доделување специјален статус на државјаните на Полска всушност има цел во западните региони на Украина, кои се главно поштедени од руски напади да се префрлат полски војници, а неколку десетици илјади припадници на тамошната територијална одбрана на украинските вооружени сили да бидат префрлени на источното боиште.
Изминатиот викенд украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека бројот на украинските војници изнесува повеќе од милион лица, што беше рво објавување таков податок од почетокот на руската инвазија. Според овие податоци, украинските сили вклучуваат во моментов до 700.000 припадници на Вооружените сили, до 100.000 припадници на националната полиција, до 90.000 припадници на Националната гарда, и до 60.000 припадници на пограничните единици.
На зачестените украински удари и најаваа за масивна противофанзива, Москва предупреди дека ќе употреби многу помоќни вооружувања од оние кои нејзините трупи ги користеле досега во Украина, доколку не престанат украинските напади врз цивилни цели во отцепената проруски област Донбас со повеќецевни ракетни артилериските оружја со долг дострел донирани на Киев, во прв ред од САД.