Амбасадата на САД во Белорусија денеска издаде предупредување со кое ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија.
Мисијата ги повика американските граѓани да одат преку една од последните три земји бидејќи „не им е дозволено да влезат во Полска по копнен пат од Белорусија“.
„Не патувајте во Белорусија поради континуираното овозможување од страна на белоруските власти на рускиот неиспровоциран напад врз Украина, трупањето руски воени сили во Белорусија, произволното спроведување на локалните закони, потенцијалот за граѓански немири, ризикот од притвор, и ограничената способност на амбасадата да им помогне на американските граѓани кои живеат или патуваат во Белорусија“, се нагласува во сооопштението на американската Амбасада во Минск