САД ги повикуваат Србија и Косово да се вратат на преговорите

Американската администрацијата ги повика Србија и нејзината поранешна јужна покраина Косово, која во 2008 година со поддршка на Вашингтон еднострано прогласи независност, да „ги отстранат пречките, да ги избегнат провокациите и да се вратат на преговорите“, пренесува Гласот на Американ (VOA) повикувајќи се на писментата изјава на Стејт департментот по потврдата за откажувњето на самитот на делегациите на Белград и Приштина закажан за 1-ви јули во Париз.

„САД продолжуваат да го поддржуваат дијалогот во кој посрдува Европската унија и нормализирање на односите меѓу Србија и Косово“, наведува Стејт департментот.

Откажувањето на средбата меѓу српските и косовските политички челници коишто францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел имаа намера во Париз по неодамнешниот неуспешен самит во Берлин во петокот, потврдиле за Deutsche Welle германската влада и кабинетот на францискиот претседател.

„Белград и Приштина мора да ги отстранат пречките, да ги избегнат провокациите и да се вратат на преговорите. Ние сме подготвени до сослушаме и да им помогнеме на двете страни и на Европсаката унија како посредник да изнајдат решение околу кое сите се согласни“, истакнува Стејт департментот.

Сенаторот Рон Џонсон, кој претседава со поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка во сенатскиот Киметет за надворешни работи, во писмена изјава за VOAX наведува дека е „разочаран поради тоа што самитот во Париз можеби нема да биде одржан“. „Постигнувањето договор што поскоро ќе придонесе за стабилноста на Србија, Косово и целиот регион. Се надевам дека лидерите во Белград и во Приштина ќе се сретнат наскоро, ќе ги продолжат преговорите и ќе продолжат да работат на постигнување договор“, оценува сенаторот Џонсон.

Белргадските медиуми во саботата пренеусваат дека професорот од Универзитетот „Џон Хокинс“, Едвард Џозеф, оценил дека сега е вистинскиот момент САД посриоззно да се вклучат во преговорите меѓу Белград и Приштина, но дека тоа не значи и автоматско вклучување на Русија.

Заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер неодамна во текот на посетата на Балканот за VOA изјави дека „САД се партнер на ЕУ во дијалогот (меѓу Белград и Приштина)“. Палмер тогаш ги повика двете страни итно да го продолжат дијалогот.

Пред да стасаат вестите за откажување на состаникот во Париз, портпаролката на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, Маја Коцијанчич, порача во петокот во изјава за косовските медиуми дека Приштина и Белград мора што поскоро да се вратат на преговарачката маса и да постигнат сеопфатен, правн обврувачки договор за целосно нормализирање на односите.

„Тоа би бил најдобриот начин во целиот регион да се гарантира ползата до помирувањето, тоа е корисно за регионалната интеграција и еконосмкиот развој“, рече Коцијанчич за порталот Koha.net. Додаде и дека државите членки на ЕУ, но и САД, ја повикуваат владата во Приштина да ги суспендира стопроцентните царини на стоките од Србија.