Американскиот претседател Доналд Трамп порача во петокот дека САД ги прекинуваат односите со Светската здравствена организација (СЗО – WHO) поради нејзиното управување со кризата предизивикана со ширењето на новиот коронавирус, и ја обвини повторно оваа агенција на Обединетите нации дека станала марионета на Кина.
На прес-конференцијата во Белата куќа, Доналд Трамп ја повтори заканата дека САД ќе престанат да ја финансираат СЗО. Станува збор за сума, како што претходно изјавуваше американскиот претседател, од околу 450 милиони долари годишни, и е најголемиот поединечен придонес во буџетот на организацијата.
Трамп забележа дека СЗО не ги спровела реформите кои беа барани на почетокот од мај. Рече и дека конеските власти ги „игнорирале своите обврски за поднесување на извештајот“ за вирусот во СЗО и ја критикуваше органиацијата дека адекватно не го информирала светот кога кинеските власти првпат го откриле вирусот.
„Кина има потполна контрола над Светската здравствена организација, иако плаќа само 40 милиони долари годишно, додека Соединетите држави плаќаат околу 450 милиони долари горишно. Ние ги наведовме реформите кои мора да се спроведат и директно им се обративме, но тие одбија да дејствуваат“, рече Трамп.
Претходно тој испрати писмо до директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, во кое се закани со запирање на финансирањето и преиспитување на членството на САД, доколку организацијата не спроведе реформи во рок од еден месец. Според Трамп, американската администрација утврдила факти за неосоодветна реакција на организација на пандемијата на коронавирусот.
Во писмото се истакнува дека СЗО, наводно, гио игнорирала извештаите за ширењето на заразата во кинескиот град Вухан на почетокот од декември минатата година и не спровела независна истрага. Вашингтон, исто така, тврди дека СЗО биле запознаени со „вонредната здравствена ситуација“ кон крајот од 2019-та, но не ја објавиле оваа информација која ја добиле од Тајван.
„Зотоа што не ги спроведоа побараните многу неопходни реформи, денеска ќе го прекинеме нашиот одност со Светската здравствена организација и овие средства ќе ги насочиме на други во светот и за оправдано итните потреби на глобалното јавно здравство“, посочи Трамп.
Претседателот Трамп откако стапи на должноста најостро од досегашните американски челници ги проблематизира вредностите на меѓународните организаци како Обединетите нации и мултилатерализмот, за што владите во Вашингтон одамна одвреме навреме критикуваа, повикувајќи се на фактот дека се најголем финансиер на светските организации. Откако Трамп влезе во Белата куќа, САД истапија од Советот за човекови права на ОН, УНЕСКО, од глобалниот договор за борба против климатските промени, од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма. Трамп, исто така, успеа да промени неколку мултилатерални трговски договори, а посакува и промени на договорите за стратешкото вооружување.