САД го честитаат пристигнувањето на вакцините во Македонија

САД и честитаат на Северна Македонија за пристигнувањето на 24.000 дози од вакцината против ковид-19 од „Астра Зенека“, се вели во соопштение во кое е наведено дека ова е прва од неколкуте пратки во наредните недели кои се овозможени од Владата преку Ковакс системот.

„Задоволна сум дека овие вакцини, овие дози на надеж финансирани од вашата влада, пристигнаа преку Ковакс денес“, изјави амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

„На сите земји им треба пристап до вакцините за да се запре пандемијата. Брзото ширење на Ковид-19 покажа дека ниту една нација не може да дејствува сама против овој глобален предизвик“, вели Брнз.

Инаку, денеска на аеродромот во Скопје денеска пристигнаа 24.000 дози вакцини на производителот „Астра Зенека“ преку Ковакс механизмот. Со нив вакцинацијата треба да започне в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови.

Најавено е за крај на април преку Ковакс системот земјата да добие уште 76.000 вакцини „Астра Зенека.“