Во соопштението се наведува дека воздушниот напад бил извршен на 19 март во провинцијата Пактика. Убиениот е Кери Јасин, познат терористички лидер на Ал Каеда.
Смртта на Кери Јасин е доказ дека терористите кои го срамат исламот и намерно напаѓаат невини луѓе, нема да избегаат од правдата, истакна американскиот министер за одбрана Џејмс Матис.