САД го обвинија бразилскиот претседател Лула за ширење руска и кинеска пропаганда

Белата куќа остро го критикуваше бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва за обвинувањето дека САД ја „охрабруваат војната во Украина“.

Лула по посетата на Кина за време на викендот рече дека САД треба да почнат да зборуваат за мир во Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, го обвини Лула дека „како папагал ја повторува руската и кинеската пропаганда“.

Лула, кој се претстави како посредник во мировните преговори за ставање крај на конфликтот, во текот на викендот изјави дека „САД треба да престанат да поттикнуваат војна и да почнат да зборуваат за мир“. Неговите коментари уследија по состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг.