Соединетите држави објавија во понеделникот дека не гледаат никакви „конркетни“ потези на руските нуклеарни сили и оценија дека „креативниот“ отпор на Украинците и натаму „го забавува“ напредувањето на руските сили кон Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го поддигна нивото на готовноста на силите на одвраќање, во чиј состав влегуваат и нуклеарните сили, како што рече поради „агресивните изјави“ од Западот и целосното исклучување на Русија од светските финансиски текови и редица нови санкции поради влегувањето на нејзинтие сили во Украина. Таквата одлука предизвика стравувања во светот, вклучително и во САД.
„И натаму тоа го следиме и набљудуваме внимателно. Мислам дека не видовме што и да е конкретно што би било последица на неговата (на Путин) одлука. Барем не засега“, изјавил за новинарите висок функционер на Пентагон кому не му се споменува името.
Функционерот, како што пренесува AFP, признал дека е „тешко“ да се знае што се крие зад наредбата на Путин. Но „самиот факт дека споменува“ и „се заканува со користење на нуклеарните сили е непотребен и значи голема ескалација“, изјавил функционерот повторно истакнувајќи дека НАТО „никогаш не претставувал закана“ за Русија.
САД, барем декларативно, не го зголемиле степенот на готовност на нивните нуклеарни сили но тоа и никогаш јавно не го соопштувале. Белорусија, сојузник на Русија, во неделата организираше референдум на кој ја укина обврската и натаму да буде „ненуклеарна земја“. Таквата одлука на Минск дојде по зголемените тензии со Западот и разместување сили на НАТО на белоруските граници од ланската зима, како и од неодамнешната изјава на претседателот на соседната Украина, Владимир Зеленски, дека сака да го врати на својата земја статусот „нуклеарна земја“.
Западните земји го осудија пресвртот на Минск и стравуваат дека тоа ќе ѝ овозможи на Москва да премести дел од својот нуклеарен арсенал во Белорусија, поблиску до централна и западна Европа, бидејќи граничи со повеќе земји на НАТО.
Одговарајќи на прашање дали такво разместување веќе е забележано, високиот фунцкионер на Пенгагон рекол дека „не е“, Покрај тоа, рекол дека белоруските војници во оваа фаза најверојатно не навлегле во Украина како засилување за руските единици.
„Не видовме никакви знаци коишто би зборувале дека белоруските војници се во боева готовност за влегување во Украина и сигурно нема никакви знаци дека веќе влегле или дека влегуваат во Украина. Колку што ни е познато, сите сили кои влегле во Украина се руски“, рекол додавајќи ја процената дека Москва досега наводно досега на украинската територија испратила „речиси 75 отсто“ од своите борбени сили кои последните месеци ги трупала на границата.
„Главните руски напори и натаму се насочени кон Киев, но напредувањето на руските сили е забавено на петтиот ден од инвазијата. Во последните 24 часа главната руска колона која оди кон украинската престолнина напредувала околу пет километри и сега е на околу 25 километри од градот“, оценил неименуваниот функционер на американското министерство за одбрана.
„Сигурно се забавени и незадоволни поради изостанувањето на напредувањето на куевското боиште. Украинците се многу креативни во пружањето отпор, ги креваат мостовите во воздух, напаѓаат во помали групи, слабо вооружени но многу успешни. Употребуваат сѐ што имаат во својот арсенал, од помало оружје до ракети земја-воздух, за да го запрат напредувањето на Русите“, уверувал функционерот на Пентагон.
Според него, руските единции се во ситуација да мораат „порано“ да ги полнат копнените возила отколку што тоа го „планирал“. Пентагон мисли дека Москва, која според мислењето на Вашингтон сака да го „опкружи“ Киев, би можела во одреден момент да ја промените тактиката и да изведе „опсада“ на украинската престолнина.