САД го повикуваат Зеленски да премине во Лвов, пренесува ABC

Американската претседателска администрација се обидува да го убеди украинскиот претседател Владимир Зеленски да замине во Лвов, пренесува телевизиската мрежа ABC News, повикувајќи се на официјалните извор.

Притоа се забележува ваква мерка е потребна за безбедноста на украинскиот челник. Во прилогот на телевизијата не се прецизирани изворите на таквата инфорамција, а исто така не се објаснува причината за таква препорака.

Американските дипломати, коишто како и британските минатата седмица беа дислоцирани од Киев во западниот украински град Лвов, во текот на ноќта биле преместени во соседна Полска од безбедносни причини, по објавата од Москва, изјави америкаскиот дравен секретар Ентони Блинкен

Претходно ноќта кон вторникот Зеленски ја обвини Русија за уништување на мировните напори и во обраќањето на нацијата во раните утрински часови исклучи какви и да се тетиротијални концесии за оваа земја.

Зеленските ѝ се обрати на нацијата по одлуката на Русија официјално да ја признае независноста на двете одметнати доминатни руски и рускојазични региони во источна Украина и таму да испрати единици за безбеднсота на самопрогласените републик во Донецк и во Луганск, со што дополнително ескалираше кризата за која се стравува дека може да прерасне во поголем судир.

Откако претседаваше со националниот Совет за безбедност, Зеленски ја обвини Русија за кршење на сувереноста територија Украина и тврдеше дека тоа би можело да значи дека Москва се откажува од мировните преговори и договорите од Минск насочени кон завршување на конфронтацијата во источна Украина.

Но токму Москва со години го обвинува Киев за непочитување на Минскиот моровен договор од 2015 година, кој предвидуваше голем степен автономност за Донец и Луганск, во поглед на безбедносните прашања, изборните процеси и образованието, откако новите прозападни власти во Киев набрзо по доаѓањето на власт со превратот во март 2014 година ги сменија избраните челници во Донбаса и именуваат нови а го укинаа и рускиот јазик како службен.

„Украина сака да ја разреши кризата со помош на дипломатија, но исто така е подготвена за долготрајна борба. Предадени сем на мирниот и дипломатски пат, ќе го следиме него и само него. Но ние сме на своја земја, не се плашиме од ништо и од никого, никому ништо не сме му должни и никому ништо нема да му дадеме“, додаде Зеленски.

Ги повика на итен самит лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција, односно ткн Нормандиска четворка како покровител на мировните преговори во Минск, а истовремено ги повика украинските сојузници да преземат акција против Русија.

Администрацијата на Зеленски изрази грустрираност поради неподготвеноста на Западот да воведе превентивни санкции, поради обвинувањата дека Русија трупа повеќе од 100.000 војници на украинскаите граници.

„Очекуваме јасни и ефикасни чекори за поддршка од своите партнери. Многу важно е да се види кој е нашиот вистински пријател и партнер, а кој и нараму ќе продолжи со зборови да ја плаши Русија“, рече Зеленски.