Американскиот Стејт Департмент го поздрави успешното посредување на евро-комесарот за проширување Јоханес Хан помеѓу најголемите македонски политички партии и постигнувањето на договорот на нормализација на политичката состојба, пренесува МИА.
Во редовната прес конференција на Стејт Департментот, која се одржа вчера вечер, портпаролката Мери Харф изјави дека комесарот Хан се сретнал со заменикот државен секретар на САД Ентони Блинкен, при што се разговарало за европската политика кон државите од соседството, вклучително и за Македонија.
-Заменик секретарот Блинкен се сретна со комесарот на Европската Унија Хан да разговараат за самитот на Источното партнерство на ЕУ што се одржа во Рига, и особено се фокусираа на Украина, Грузија, Србија, Македонија, Босна и Молдавија. Во врска со Македонија, заменик секретарот ги поздрави успешните напори на комесарот Хан на почетокот на неделава и воедно ги поздрави лидерите на македонската Влада и на опозицијата кои ја реафирмираа својата посветеност на евро-атланските принципи, меѓуетничките и добрососедските односи, во очекување на предвремените избори кои ќе се одржат до крајот на април 2016 година. Заменик секретарот подвлече дека патот напред за Македонија нема да биде лесен, но дека Соединетите Американски Држави, заедно со нашите европски партнери, ќе бидат активно ангажирани а да се поддржи Македонија во решавање на овие предизвици и исполнувањето на целта за евро-атланска интеграција, Харф изјави на прес конференцијата.
Хан е во неколкудневна посета на Вашингтон, каде се сретна и со помошникот државен секретар Викторија Нуланд, советници во Белата куќа и со конгресмени ангажирани на балкански прашања. Комесарот Хан зборуваше за постигнатиот договор и во Атланскиот Совет, тинк тенк организација во Вашингтон која промовира проширување на НАТО и на Европската Унија. Неговата забелешка дека и претходните избори во Македонија, вклучително и изборите во 2014 година, добиле генерално позитивни оценки од ОБСЕ, предизвика жестока реакција на СДСМ, чиј лидер Зоран Заев најави дека се откажува од претстојната рунда разговори во Брисел на 10 јуни, но по телефонски разговор со Хан СДСМ најавија дека е отворена можност за средба