САД и Бразил ставија точка на 12-годишниот спор околу американските субвенции за домашните одгледувачи на памук, со што САД се согласи на Бразилскиот институт за памук да му исплати 300 милиони долари.
Според американскиот претставник за трговија Мајкл Форман, Бразил се согласил пред Светската трговска организација (СТО) да ја заврши постапката против САД, најголем светски извозник на памук и да не започнува нови акции се додека актуелните мерки на САД останат на сила, пренесува Франс прес.
Во меѓувреме САД ќе мора да се држи до договоренитеуслови, односно да стават нови ограничувања на извозните субвенции за американските одгледувачи на памук да немаат неправедна предност пред глобалниот пазар.
Бразил, како четврт најголем извозник на памук на светот, уште 2002 година се побуни против таква пракса на САД, наведувајќи дека американските субвенции ги кршат правилата на СТО.
Оваа организација 2005 и 2008 година пресудила во корист на Бразил дозволувајќи да воведат контрамерки против американската трговија.