САД и Британија дискутираат за „кинеската закана“ за Тајван

Во тек се разговори на високо ниво меѓу САД и Велика Британија за зајанување на соработката за намалување на веројатноста од вооружен судир меѓу Соединитете држави и Кина поради „заканата за Тајван“, пренува Financial Times наведувајќи извори запознаени со ситуацијата.

Разговорите меѓу Вашингтон и Лондон по темата за наводната кинеска закана за Тајван започнале уште на почетокот од март кога Курт Кембел, координатор на Советот за национална безбедност на САД за прашањата во Индо-пацифичкиот регион, и Лора Розенберг, високопозициониран преставник на американскиот Совет за безбедност за Кина, се сретнале со британски претствници на Тајван, рекле соговорниците на весникот.

Изворите на Financial Times наведуваат дека во текот на таа средба, претстваниците на двете сојузнички земји дискутирале за мерките за зајакнување на дипломатските односи меѓу Велика Британија и Тајван, како и за прашањето за „зајакнувањето на зауздувањето во Азија“. Покрај тоа, било отворено и прашање каква улога би имал Лондон доколку „САД воено се судрат со Кина поради Тајван“.

Разговорите во март биле „највисоката“ и „најважната“ средба посветена на Тајван меѓу претставници на САД и Велика Британија досега, изјавил неименувани британски функционер за весникот. Според негова оцена, средбата била дел од „подлабоките политички преговори“ кои се започната во период на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Во коментарот на Financial Times се наведува дека разговорите со Лондон би требало да бидат „дополнување на понапредните“ разговори на Вашингтон со Јапонија и Австралија по прашањето на кинеските амбиции во регионот и особено по прашањето на Тајван за кој Пекинг смета дека е негова одметната провинција и неретко се заканува дека ќе го врати својот суверенитет врз острвото доколку е потребно и со сила.

Претходно седмицава британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ја предупреди Кина дека „мора да игра според правилата“, доколку не сака да биде подложена на санкции коишто ѝ се наметнети на Русија последните осум години поради нејзините политики во однос на Украина, вклучително и нејзините борбени дејствија започната на 24-ти февраури.

„Кина не е непробојна. Зборувајќи за подемот на Кина како неизбежност, ние самите ја работиме за Кина. Всушност, нејзиниот подем не е неизбежен. Нема да продолжи да расте, доколку не игра според правилата. За Кина е неопходно да тргува со земјите од Г7(седумте најразвиение економии во светот). Ние претставуваме околу половината од глобалната економија и можеме да направеме избор“, изјави Трас во средата на велигденскиот банкет во Меншн-Хаус, резиденцијата на градоначалникот на лондонски Сити.

„Ѝ го покажавме на Русија изборот кој сме подготвени да го направиме кога ќе се прекршат меѓународните правила“, порача Трас.

 

На почетокот од февруари САД одобрија потенцијална продажба на 100 милиони долари вредна опрема и услуги на Тајван за одржување и надградба на ракетниот систем „Patriot“, објави тогаш Пентагонт. Во соопштението на американската Агенција за одбранбена соработка (DSCA) беше наведено дека институцијата ја предала потребната документција пред Конгресот по одобрувањето од Стејт департментот за продажба којашто ја побарало тајванското де-факто амбасадата во Вашингтон.

Надграбрата на „Patriot“ системот „би ја подобрила безбедноста“ и би „помогнала во одржувањето на политичката и воената стабилност“ на Тајван и напредокот во регионот, соопштија од DSCA. Тајван во зделката би влегол со американските компании од одбранбениот сектор „Raytheon Technologies“ и „Lockheed Martin“.

Тајванското министерство за одбрана објави дека одлуката за оваа зделка е донесена во текот на средбата во 2019 година со претставниците на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Кинеското министерство за надворешни работи ја осуди потенцијалната американска продажба, истакнувајќи дека таа сериозно ги загрозува безбедноста и суверенитетот на Кина, најавувајќи мерки за заштита на своите интереси.

Тајван подолго од една година предупредува на масовни прелети на кинески борбени авиони во неговиот воздушен простор, односно во неговата Зона на идентифијација на противвоздушната одбрана (ADIZ). Кина, пак, протестира на минувањето на западните воени пловила низ Тајванскиот теснец.

 

Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.