Австралија ќе добие атомски подморници од САД и Велика Британија, коишто исто така ќе формираат ротирачки подморнички сили од своите пловила, како и обуки во рамките на военото партнерство AUKUS, изјави во понеделникот висок претставник на американската администрација на брифинг за медиумите.
САД, Велика Британија и Австралија без никакви најави на 16-ти септември 2201 година објавија дека склучиле нов одбранбен сојуз со акронимот AUKUS. Поради пактот, Австралија го откажа договорот за набавка подморници од Франција во износ од 60-ина милијарди евра. Истовремено Канбера објави дека склучила договор со Вашингтон и Лондон за набавка на нивни подморници на нуклеарен договор, наместо француските кои требало да бидат конвенционален погон случен пред пет години.
„Ќе создадеме ротирачки сили од американски и британски подморници во Австралија“, изјавил во понеделникот на брифингот високиот функционер на Вашингтон додавајќи дека двете земји ќе спроведуваат обука за користење на нуклеарните подморници.
Прецизирал дека ротирачките сили се планира функционално да бидат воспоставени до 2027 година, како дел од првата фаза од долгорочниот план на Австралија за снабдување со нуклеарните подморници, кој веќе е започнат. Во очекување на формирање на ротирачките сили, американските и британските подморници ќе престојуваат во австралиските води за заеднички вежби, додал.
„Почнувајќи од оваа година, Австралија ќе создава сопствена постројки и инфраструктура“, додал американскиот функционер.
Според него, во втората фаза од планот Австралија ќе купи три подморници од класата „Virginia“ на нуклеарен погон од САД со опција за набавка на уште две.
„Кога Австралијците ќе бидат обучени и подготвени, Австралија ќе купи три нуклеарни подморници од класата Virginia со конвенционално оружје и опција, доколку има потреба, да купи уште две“, рекол американскиот функционер.
Додал дека испораките на американските подморници се планирани во 2030-те години, како дел од втората фаза од долгорочниот план на трите земји за снабдување на Австралија со нуклеарни подморници.
Во продолжение на брифингот претставникот на американската администрација објавил дека Велика Британија кон крајот на 2030-те години ќе започне со испораките на Австралија на нуклеарните подморници од новата класа „SSN-AUKUS“. Притоа истакнал, дека тие испораки се дела од третата фаза од долгорочниот план во рамите на трилатералното партнерство.
„SSN-AUKUS ќе се засноват на дизајнот на следната генерација јуришни нуклеарни подморници на Велика Британија и ќе ги вклучува критичните пробивни технологии на САД од подморниците од класата Virginia“, додал претставникот на Белата куќа.
Исто така, истакнал дека класата „SSN-AUKUS“ ќе биде „последното достигнување“ во технолошкиот развој на САД и Велика Британија.