САД и Франција објавија во неделата дека поради епидемијата од новиот тип коронавирус ќе ги евакуираат своите државјани од кинескиот град Вухан, а кинеска фармацевтска компанија ќе тестира дали може со лекови за ХИВ да се лекуваат симптомите на заразата.
Американците од конзулатот во Вухан ќе бидат префрлени во Сан Франциско, објави Стејт департментот. Оваа вест е објавена истиот момент кога во созјузната држава Калифорнија е потврден првиот случај на заразата со новиот тип коронавирус. Претходно потврдени беа случаи во државата Вашингтон и во градот Чикаго.
Фанцуската министерка за здравство, Ањес Бузин, објави дека владата од Вухан ќе организира директна евакуација со авион на своите државјани. Во Франција се регистрирани три заразени лица, две во Париз и едно во Бордо, и тоа се првите вакви случаи во Европа. Сите неодамна пристигнале од Кина и престојувале во Вухан.
Кинеската фармацевтска компанија „AbbVie“ во неделата објави дека ќе спроведе испитувња дали можат лековите за ХИВ да помогнат во сузбивањето на симптомите на коронавирусот. Кинеските власти истовремено побараа од производителите на лекови да ѝ помогнат на владата во справувањето со кризата.
Здравствените власти ширум светот се тркаат со времето за да се спречи пандемија на новиот вид коронавирус, кој досега предизвика смрт кај 56 лица, а зарзени се повеќе од 2.000 луѓе. Кинеското министерство за здравство предупреди дека способноста за ширење на вирусот е сѐ посилна.