Претседателот на САД Доналд Трамп изјави денеска дека тој и неговиот кинесеки колега Си Џинпинг на специјална церемонија ќе ја потпишат првата фаза од американско-кинескиот договор, склучен овој месец.
– Да, ќе има таква церемонија кога ќе се сретнеме. Тоа ќе се случи брзо, бидејќи ние сме подготвени. Договорот е готов, сега само се преведува, истакна Трамп пред новинарите на својот имот на Флорида, каде ќе ги прослави божиќните празници.
Американскиот претседател го коментираше и предупредувањето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за „божиќниот подарок“, истакнувајќи дека САД успешно ќе се справат со тоа и оти тоа може да биде и „убав подарок“.
– Можеби е убав подарок. Можеби ќе подари преубава вазна, изјави Трамп.
Тој додаде дека САД ќе дознаат што е изненадувањето и успешно ќе го решат.
– Ќе видиме што ќе се случи, рече Трамп.
На почетокот на декември, властите на Северна Кореја предупредија на можен „божиќен подарок“, наведувајќи дека на администрацијата на Трамп и истекува времето за спасување на нуклеарните разговори и оти Вашингтон треба да избере каков „божиќен подарок“ сака да добие од Пјонгјанг.