САД и Кина постигнале делумен трговски договор

САД и Кина се договорите во петокот за првата фаза од трговскиот договор, која вклучува размена на земјоделски производи, прашање на валутите и некои апсекти од заштитата на интелектуалната сопственост, со што привремено е избегнато наметнување нови царини, но америкаснкиот претседател Доналд Трамп рекол дека другите сегменти од договорот мора да бидат испреговарани.

Прелиминиарниот делумен договор претставува голем чекор кон решавањето на петнаесетмесечната трговска војна меѓу двете најголеми светски економии, што ги погоди светските финансиски пазари, го поремети производството и го забави економскиот раст на глобално ниво.

Кина и САД се близу завршувањето на трговската војна, а ќе бидат потребни до пет седмица договорот да биде напишан, рекол Трамп за новинарите по разговорите со кинескиот вицепремиер, Лиу Хе. Американскиот претседател им се обратил на новинарите по разговорите со Лиу, кој пристигна во САД во четвртокот.

Американскиот министер за финансии Стивен Мначин, пак, за новинарите рекол дека Трамп нема да ги зголеми царините на 20 отсто, од претходните 25 отсто, на кинескиот извоз во износ од 250 милијарди долари, што требаше да стапи на сила во вторник. Меѓутоа, американскиот претставник за трговија, Роберт Лајтизер, рекол дека Трамп не донел одлука за царините кои би требало да ѝ бидат наметнати на Кина во декември.

Делумниот успеха на преговорите меѓу Вашингтон и Пекинг, ги охрабри американските пазари, па така берзанскиот иднекс S&P 500 во петокот скокна за 1,4 отсто.