САД и партнерите ќе воспостават привремено пристаниште во Газа за испорака на помош

Американската војска и нејзините партнери ќе воспостават привремено пристаниште на брегот на Појасот Газа разорена во офанзивата на израелската војска за да достават дополнителна хуманитарна помош за цивилите, изјави висок претставник на администрацијата во Вашингтон.

„Во говорот вечерва, претседателот ќе најави дека ја насочува американската воена помош цо цел да ја предводи итната мисија за воспоставување медитеранско пристаниште на брегот на Газа, кое ќе може да прими големи бродови кои носат храна, вода, лекови и привремени засолништа“, изјавил висок функционер, осврнувајќи се на обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден до нацијата закажано за четврток навечер, пренесува Reuters.

До плановите дошло поради загриженоста во Вашингтон дека хуманитарната помош којашто влегува во Газа „ниту одблизу не е доволна и не доаѓа доволно брзо“, рекол неименуваниот висок функционер.

Пристаништето главно ќе се состои од привремен док кој ќе може да прими бродови со стотици дополнителни камиони со хуманитарна помош секој ден.

Хуманитарната ситуација во Газа е очајна, а гладот ​​расте меѓу населението откако избија борби меѓу Израел и палестинското екстремистичко движење Хамас по неговито напад во јужен Израел на 7-ми октомври.